Ракометарите на Охрид го победија холандски Волендам со 24-23 во реваншот од првото коло и обезбедија настап во втората квалификациска рунда во ЕХФ Купот. Нашиот тим имаше 24-24 од првата, саботната средба, исто одиграна на Билјанини извори, а 23-23 беше во последните секунди и во овој меч, по што Славиша Димитријевски го постигна победничкиот гол и на Охрид му донесе пласман во следната фаза од ЕХФ Купот.
Нов предизвик за Охрид ќе биде Порто во термините 7/8 односно 14/15 октомври со тоа што за сега нема најава дека Португалците би играле два дуела кај нас, како што тоа беше случај со Холанѓаните, што беше голема, а се покажа и пресудна предност.




