Грција ја крена рампата

Туристичката сезона во Грција почнува од денеска, а по една година пауза и македонските граѓани повторно ќе ја можат да патуваат во оваа земја.



Оние кои планираат да патуваат во Грција, ќе мора да поседуваат негативен ПЦР тест за Ковид не постар од 72 часа, која нема да биде потребен за деца под 5 години. Ќе се влегува и со сертификат за ревакцинација, а во Грција ќе можат да ја посетат и оние кои прележале корона, а тоа да можат да го докажат со тест за антитела.

Според грчките здравствени протоколи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, иако тие се уште не се одобрени за користење во Европска Унија.

Но, тоа што не се менува е обврската секој патник на ден пред влезот, да мора електронски да го пополни т.н локатор за патници. Во него има детални информации за тоа каде бил влезот во земјата, евентуалната претходна посета во други земји и адресата на престој додека сте во Грција.  

Стартот на сезоната доцна вчера официјално го најави грчкиот министер за туризам Теохарис. Под слоганот “Се што ви треба е Грција”, Теохарис ги објави условите под кои ќе биде дозолен влез во земјата.