Фокус: Лукаревска ќе добие висока позиција во СДСМ

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, најверојатно ќе зазеде висока позиција во новото раководство на СДСМ, што треба да се екипира после неделниот партиски конгрес, пишува неделникот Фокус.



Лукаревска е во комбинација и за функцијата заменик-претседател, што досега ја извршуваше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која веќе најави дека нема амбиции за трет последоватален мандат.

Покрај Лукаревска, според Фокус, лидерот Зоран Заев размислува и за универзитетските професорки Беса Арифи и Гордана Лажетиќ-Бужаровска.