Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај така што од вечерва на полноќ полицискиот час ќе трае до 04,00 часот.
Работното време на угостителските објекти, но само на летните тераси, е продолжено до 23:30 часот, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на аеродромите во Скопје и Охрид рестораните во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.
Од вчера со работа дозволена е работа на вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа.
Се дозволува и организирање на инвент настани, но за нив, ќе важат истите протоколи од претходно, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор.
Спортските настани и понатаму ќе се организираат без физичко присуство на публика.






