Убиство во скопската населба Бутрел

Синоќа околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг кај раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош” од едно патничко возило биле испукани проектили кон автомобил ,,голф”, во кој имало две лица.



Повредените биле пренесени во комплекс клиники “Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.

Едното лице им подлегнало на повредите. Според првичните информации се работи за Камер Идризи, кој е добро познат на полицијата. Според неофицијални информации убиениот бил и некогашен советник во оштина Бутел.

Лицето е убиено од заседа додека било во својот автомобил, велат очевидци. Полицијата трага по сторителите.