Бугарија менува министри, но ставот кон Скопје – не

Светлан Стоев, наследникот на досегашната шефица на бугарската дипломатија, Захариева, како в.д.министр за наворешни во привремената влада порачува дека рамковната позиција на Бугарија за Македонија била усвоена со консензус од сите политички сили во парламентот и нема да има промена.



Привремениот МНР Стоев вели дека немаат овластувања да ја сменат позицијата, но она што зависи од привремениот кабинет и министерот за надворешни работи, ќе се направи се дијалогот да продолжи.

„ Отсега натаму, сè е во рацете на официјалните лица во Скопје. Тие се многу загрижени за бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има каква било промена во следните 2-3 месеци за време на оваа привремена влада – изјави Светлан Стоев, министер за надворешни работи.