Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит на лицата за односи со јавност на премиерот Зоран Заев им порачува дека бадијала му е патриотското просветление и таквото претставување од неодамна на тој што велеше дека нему и на неговата партија СДСМ не им личи патриотизмот.
„Како да ви кажам владини стратези и пиарџии, Зоќе да земе и Сонце од Кутлеш на чело да истетовира и да урла по плоштад ‘никогаш Северна, САМО МАКЕДОНИЈА’, никој нема да му поверува. Така да spare me од патетични бљувотини. Со години (ГОДИНИ) укажуваме на криминално штетниот ‘договор’ за заедничка историја, будали и лажовани нè правевте. Сега носете си го на чело Зоќе и гордејте се со него и последиците кои ради вас ќе ги трпиме сите. Само не ми подавајте пуфки за некакво новооткриено достоинство и национална гордост. Со вас, едноставно, не сме ‘с’шти народ’“, нагласува еден од водачите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“.





