Постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ, амбасадорот Димитар Цанчев, се обидел проблемот со „една земја-кандидат“ да го ослободи од префиксот „билатерален“ и да го претстави како проблем за темелните принципи и основи на Европската унија.



Тој на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ кој не го спомнал името на земјата-кандидат за која говори амбасадорот, а кои се дадени во контекст на дискусија за европската иднина на земјите од Западен Балкан.

„Сакам категорично да изјавам, дека Бугарија ја поддржува европската иднина на Западен Балкан. Оваа наша поддршка најде израз за време на бугарското претседателство со Советот на ЕУ, кога европската перспектива на регионот беше клучен приоритет“, изјавил постојаниот претставник на Бугарија во ЕУ на вчерашниот состанок на Советот за општи работи на ЕУ, пренесува Дојче веле.

„Таа поддршка се рефлектираше и во нашето одговорно однесување како стабилизирачки фактор во регионот за време на војните што го следеа распаѓањето на поранешна Југославија. …За жал, ние сме исправени пред проблем. Тој не е билатерален, како што некои од вас очигледно сметаат. Тој се однесува на принципите врз кои е изградена и функционира нашата Унија”, рекол амбасадорот Цанчев.

Според него, за прв пат во историјата на проширувањето, ЕУ била исправена пред ситуација, кога земја-кандидат настојувала сама да ги определува условите под кои треба да ги започне преговорите за пристапување кон ЕУ.