СДСМ: Мицкоски има проблем поради успехот на Владата во имунизација и борбата против корупција

Во соопштение за јавност како реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ од каде велат дека состојбите во процесот на вакцинација и битката против корупцијата не се добри владеачката партија тврди дека проблем имаат опозицијата и нејзиниот лидер.



“ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат проблем што се води неселективна борба против корупција, имаат проблем што процесот на имунизација се одвива непречено, имаат проблем со се што е добро за државата и граѓаните.

Кампања за информирање и едукација на граѓаните за значењето на вакцинацијата е нужно потребна, за здравје на граѓаните се работи. Исто како и кампања за борба против корупција, каде токму граѓаните играат важна улога во детектирањето и пријавувањето коруптивни дејствија.

Владата предводена од СДСМ обезбедува контрола врз трошењето на средствата за кампања, а не како што тоа го правеше режимската и криминална ВМРО-ДПМНЕ.

Токму затоа во нивно време, државата беше последна по медиумските слободи, а денеска е прва во регионот”, пипува во соопштението на СДСМ.

Во соопштението се тврди дека додека за СДСМ и институциите што ги предводи на прво место е интересот на граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ најважни личните и теснопартиските интереси.