Граѓани реагираат на социјалните мрежи по вчерашно, по скратена постапка, усвојување за Законот за легализирање на дивите градби кој предвидува давање „тапија“ на се’ што е незаконски изградено и на речиси било која локација во земјата вклучувајки и национални паркови, заштитетни подрачја, извори на вода…



„И уште еднаш, и уште сто пати: „Народните претставници“ кои озаконија сквернавење на националните паркови, заштитените зони и изворите на вода во нивната земја се најобични  криминалци, луѓе кои не си ја сакаат и почитуваат земјата каде што се родиле и која треба да ја остават на своите – но и на наште поколенија.

Од вчера секоја партија и секој поединец што гласал за ваков закон, за мене веќе не постои како било каква опција што и малку би заслужиле респект, скрја глас на избори…

Корумпирани измамници не верувам дека ќе му требаат и било кому друг, доста е од вакви“ се вели во еден од постовите на Фејсбук.