Силен земјотрес во Грција со магнитуда од 5.2 степени според Рихтер синоќа по 23,30 часот ја стресе и Макдонија.
Претходно, бил регистриран земјотрес околу 21 часот со јачина од 4.8 степени.
Земјотресот според сервисот ЕМСЦ, бил на 14 југозападно од Костур, Грција.
Ова подрачје во последниот период често е погодено од земјотреси кои се чувствуваат и во јужните делови на Македонија.
Граѓани од Преспа, Струга, Охрид, на социјалните мрежи коментираа дека силно го почувствувале земјотресот.
Нема информации за какви било материјални штети.






