За денешниот верски празник Рамазан Бајрам, исто како и за Велигден од 1 за 2 мај, нема да има полициски час, а угостителските објекти ќе може да работат до 23:30 часот.
Согласно последната одлука на Владата од утре полицискиот час ќе почнува на полноќ и ќе трае до 4 часот.
Од денеска, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор, како и фитнес центрите.







