Усвоен Закон за дивоградби, ќе се легализира се’ и сешто и насекаде

Гаражи, остави и базени, изградени без дозвола за градба ќе бидат легализирани како и дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство, предвидува Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објект, усвоен по скратена постапка во Собранието.



Законот кој беше поддржан и од власта, но и од опозицијата беше изгласан со 72 гласа „за“ и 5 гласа „против“. Петмина пратеници беа воздржани.

Овој Закон предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно до осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“. Тој ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати согласно законот.

Од законот се исклучени дивоградбите во границите на Охридскиот регион каде има природното и културното наследство.