Одиме ли кон “Должничко ропство”: Големи лаги на мали провидни политичари (ТАБЕЛА)

Споредбата на задолжувањето на оваа и предходната влада покажува тренд кој земјата ја води кон ниво на задолжување кое е познато како “должничко ропство, открива екс пратеникот Илија Димовски чија табела укажува на драматичен пораст на македонскиот долг без да се видат големи резултати од позајмените пари.



“Големите лаги на малите провидни политичари…

⛔СДСМ ја задолжува Македонија со 2,4 пати побрзо темпо, а не гради ништо…⛔

▪️ВМРО-ДПМНЕ ја задолжуваше Македонија со просечно 254 милиони €/годишно..
СДСМ во овие 3 години и 9 месеци просечно не задолжува просечно со 640 милиони €/годишно…

▪️ВМРО-ДПМНЕ кога ја напушти власта јавниот долг на Република Македонија бил 4,7 милијарди евра, а кога ја превзема беше 1,9 милијарди евра.
Значи ВМРО-ДПМНЕ за полни 11 години владеење го зголемила јавниот долг за 2,8 милијарди €…

▪️СДСМ кога ја превзема власта јавниот долг бил 4,7 милијарди евра, а сега (крај на прв квартал 2021) е 7,1 милијарди евра.
Значи СДСМ за 3 години и 9 месеци го зголемиле долгот за 2,4 милијарди евра.

▪️Да не заборавиме на огромните инфраструктурни проекти во време на ВМРО-ДПМНЕ, автопати, регионални, магистрални патишта, спортски сали, брани, ветерници, болници, училишта, факултети, канализации, водоводи, индустриски зони, но и набавка на возови, противпожарни авиони, противпожарни и возила за брза помош, стотици автобуси за ЈСП,…

▪️Да не заборавиме и дека сега, во време на СДСМ, скоро и да нема ништо од инвестиции во инфраструктура и капитални набавки…

▪️Сега има Ковид криза, тогаш имаше две светски економски кризи (хипотекарната и должничката)…”, пишува Димовски.

Линк до табелата

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10225667045006621&id=1344358114