Убијците на 8 специјалци бараат помош од Курти, биле жртви на политичко пазарење

Осудениците за крвавите судири во кумановската населба „Диво насеље“ во 2015 кои загинаа 8 македонски полициски специјалци упатија апел до Владата на Косово и премиерот Курти од кого се бара да ја разоткрие вистината за настаните.



Енвер Хоџа, Насер Бајралиу и Муамет Красниќи, осудени на доживотни казни затвор како членови на т.н. „Кумановска група“, која пред шест години во кумановската “Дива населба“ на 9. и 10 мај 2015 година имаше жесток оружен судир со припадниците на македонската полиција, преку косовската ТВ „Дукаѓини“ упатија „апел до државата Косово да ја открие вистината за настаните во 2015 година“ – пренесува информативната агенција на албански јазик ИНА.

Тројцата осуденици беа вклучени од затворот во живо во емисијата „Дебата плус“ на оваа телевизија и изнесоа тврдења дека „имало позадина во тие настани“.

„Нам ни се случи предавство, ние бевме предадени. Имаме надеж дека единствено Владата на премиерот на Косово Албин Курти ќе го разоткрие овој случај. Тие можат да го сторат тоа. Ние сме членови на семејството на Курти уште од основањето на неговата партија ‘Самоопределување“ – рече во емисијата Муамет Красниќи.

Во дводневниот судир пред шест години загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили, додека од другата страна беа убиени 10 членови на вооружената група, од кои деветмина беа косовски државјани.

Покрај упатениот „апел до Владата на Косово и премиерот Курти“, во емисијата на ТВ „Дукаѓини“ Красниќи нагласи: „Нема потреба од меѓународна истрага, затоа што има доволно факти. Ние бевме во стапица на политичките пазарења меѓу двете држави“ – пренесе ИНА.

https://www.facebook.com/dukagjinidebatplus/videos/950986005445668/