Кога Светот сеуште е исправен пред проблемот со Ковид-19 пандемијата, кога секој ден сме сведоци на голем број заболени и голем број починати но сведоци сме и на огромен број граѓани кои ги губат своите работни места, а со тоа и така скромната егизстенција станува уште по скромна.
Благодарејќи на поддршката на Европската Унија која повеќе од три години ја дава на Банката за храна МК преку проектот ВСС Ефект, дојдовме до последните денови и привршување на овој огромен проект и поддршка која ќе ја одбележиме со огромна Национална Акција со наслов #СтоимеЗаедно – #WeStandTogether – #Qëndrojmësëbashku .
Целта на ВСС Ефект проектот е зајакнување на капацитетите и подобрување на надлежностите за вистинско ублажување на (со храна) сиромаштијата проект, поддржан од Европска Унија е да поттикне подобрување на правната и институционалната рамка во државата, која ќе овозможи соодветна превенција на фрлањето храна. В-С-С е дизајниран со намера да создаде адекватна средина, која ќе стимулира отворена дебата помеѓу граѓанските организации и различните заинтересирани и засегнати страни и ќе инспирира заедничка акција за превенција и намалување на фрлањето на храна и на гладот.
В-С-С ефект е заеднички проект чија што цел е да ги инспирира, зајакне и поддржи локалните граѓански организации и граѓаните. Неговата мисија е да создаде подобар пристап до здрава и безбедна храна за сите.
Поддршката се состои од обезбедна помош во храна, заштитни маски и дезифектанти за 1620 семејства во 20 општини во нашата држава. Помошта ја поддржа и одобри Европската Унија, а истата се обезбеди од откажување на битни Национални, Локални и Регионални средби кои беа планирани во рамки на горе споменатиот ВСС Ефект проект и не бевме во можност да ги реализираме од општо познати причини, болната и неочекувана Светска пандемија која ја предизвика Ковид 19 вирусот.
Не помала е поддршката на Цивика мобилитас преку поддршка на Годишниот план за работа на нашата организација, и секако дека значајна поддршка дојде и од ЦБФ Македонија.
Во време од 14ти мај до крајот на месецот, ќе се реализира една од најголемите акции што една граѓанска организација воопшто спровела на овие простори – подготовка и дистрибуција на 1620 прехранбени пакети, 6480 заштитни маски и 1620 дезифектанти до 1620 семејства во 20 општини во нашата држава.
Целата организација и реализација на оваа огромна акција нема да може да ја реализираме ако немаме наши партнери во тие 20 општини, тоа се 20тина граѓански организации кои подолго се наши вистински соработници и борци против гладот и загубите во храна во рамки на ВСС Ефект Коалицијата.
14ти Мај е денот кога се потребни волонтери кои треба да спакуваат над 35000 кг прехранбени производи во 1620 пакети за 1620 семејства!






