Нема промена во досега изложените ставови на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, констатира Дојче веле.
„Треба да одиме напред со проширувањето и не можеме да губиме повеќе време”, изјавил Вархеји во вчерашното интервју за весникот „Маџар Немзет“.
Како што пренесува унгарската ангенција МТИ, тој во интервјуто потенцирал дека целта на ЕУ останува иста – почеток на преговори со Албанија и С. Македонија. Притоа додал дека е планирано меѓувладините конференции да почнат во јуни.
Во однос на континуираното бугарско вето за почеток на преговорите со С. Македонија, Вархеји истакнал дека ЕУ вложува големи напори да се реши таа ситуација.
„Aко тие напори пропаднат, ќе мора да го разгледаме покренувањето меѓувладини разговори само со Албанија“, изјавил Вархеји.







