Цели две години Пендаровски не го спроведува јавно ветеното а никој не му пречи да го спроведе тоа за што во кампањата за претседател остро ја критикуваше сегашната опозиција.
Пендаровски тогаш ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека има празни амбасади во главните светски центри и дека ако граѓаните гласаат за него тој ќе ја исправи оваа грешка.
“Во мојот мандат нема теоретски шанси некој да стане амбасадор без да покаже знаење, искуство и интегритет. Неспособните партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ 10 години нѐ брукаа по светот, во овој момент 22 наши амбасади се празни. Да гласаме за бројот 3, и оваа неправда да ја исправиме”, ветуваше тогаш Пендаровски.
Две години подоцна во ситуација во кога тој и неговата партија СДСМ имаат апсолутна власт Пендаровски не потпишува укази за амбасадор во важни земји за кои тогаш критикуваше дека имаме празни амбасади.
Меѓу нив е и Вашингтон, стратешки партнер на Македонија.
Што правеа Пендаровски и неговата партија СДСМ цели две години на ова поле, освен што се обидоа да го испратат за Америка непожелниот Фрчкоски за амбасадор, јавноста не е запознаена.
Што веруваше Пендаровски пролетта 2019 година.
Во мојот мандат нема теоретски шанси некој да стане амбасадор без да покаже знаење, искуство и интегритет. Неспособните партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ 10 години нѐ брукаа по светот, во овој момент 22 наши амбасади се празни. Да гласаме за бројот 3, и оваа неправда да ја исправиме. pic.twitter.com/W7wZ4zZKCb
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) May 1, 2019






