„Само започнување на разговори за членство во ЕУ не е доволно за зајакнување на геополитичката ориентација на Западен Балкан. Потребно е земјите од регионот да ги почитуваат критериумите на ЕУ и ефикасно да ги спроведуваат потребните реформи, вклучително и крај на финансираните кампањи за дезинформација против земјите-членки“, рече вицепремиерката и министер за надворешни работи во оставка, Екатерина Захариева на денешниот состанок на Советот за надворешни работи во Формат на министри за надворешни работи.



„Се согласувам дека треба почесто да дискутираме на Западен Балкан“, рекла Захариева, пренсуваат бугарски медиуми, според кои таа не ја спомената Ламедонија и акттуелната блокада.

„За жал, сепак, нашите дискусии пред четири години, кога Бугарија беше претседател на Советот на ЕУ и инсистираше на зголемен ангажман со земјите од регионот, беа исти како и денес. Во тоа време, нашите соседи повторно ги обвинуваа другите земји како изговор за неразвиеноста на реформите.

Загрижува и недостатокот на целосен пристап на земјите од Западен Балкан кон одлуките и позициите на ЕУ во областа на надворешната и безбедносната политика “.

Екатерина Захариева посочи дека Бугарија е меѓу најактивните и најконзистентни поддржувачи на процесот на проширување со земјите од Западен Балкан и дека ќе продолжи така.

Убедени сме дека пристапувањето на овие земји ќе ја зголеми стратешката автономија на ЕУ, но само доколку тие ги почитуваат основните вредности на Унијата, додаде таа.