Секој ден се вакцинира по еден министер

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ја прими првата доза од вакцината против ковид-19.



„Штотуку ја примив првата вакцина против ковид-19. Доколку голем број граѓани, доколку сите ние се вакцинираме, тогаш и колективниот имунитет ќе биде поголем. Многу е значајно што поскоро да излеземе од пандемијата со ковид-19 и да се вратиме на нашите секојдневни обврски, да продолжат нашите животи со еден нормален тек, со едно нормално секојдневие кое што беше типично пред почетокот од пандемијата“, рече министерката.