Без прашања за Царовска во Кавадарци (ВИДЕО)

Министерката за образование и наука Мила Царовска не одговараше на прашања од новинарите за време на настан за избор на средно стручно образование во Кавадарци каде деветтооделенците се охрабруваат да изберат соодветно средно образование.



По кратката изјава Царовска не доби ниту едно прашање од присутните медиуми.

Царовска деновиве е еден од најактуелните министри во владата поради скандалот со укинување на печатени учебници но и поради нејзиниот вчерашен гаф кога на 9 мај наместо да честита победа над фашизмот таа честиташе победа на фашизмот.

Вчера партијата на Царовска од Битола објави фотографии стари 5 години за активистка од групата на ФБ која се бори против реформите на образованието кои ги предлага Царовска.

МОН денеска не објаснува дали Царовска во Кавадарци не дала изјави затоа што тоа не било предвидено со протоколот на настанот или пак меѓу новинарите немало интерес за одговори од министерката.

Настанот во живо го пренесуваше Македонската информативна агенција чии новинари исто така не се обидоа да постават прашања на Царовска.

Видеото во продолжение

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/936765217086544/

Како партијата на Царовска ја нападна активистката Спасевска на прес конференција

“Заокружената” активистка одговори на обвинувањата од СДСМ