Марјан Начевски исклучен од РФМ по пријава од ексракометарката Бајрамовска!

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) го исклучи од своите структури делегатот и контролор, поранешен ракометен судија и бивш генерален секретар на Федерацијата, Марјан Начевски, по пријава од ексрепрезентативката Мирјета Бајрамовска.



„На Марјан Начевски, делегат/контролор во РФМ изречена му е дисциплинска санкција: исклучување од Ракометната федерација на Македонија врз основ на доставена пријава од член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска. Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап,  на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација. При давањето исказ пред Дисциплинската комисија на РФМ, пријавениот продолжил со истата недолична реторика обраќајќи се кон претседателот на комисијата агресивно, со висок тон, навредувачки и недолично употребувајќи вокабулар од типот: ‘ќе те колам’“, соопшти Првостепената дисциплинска комисија на РФМ.