Само пет дена откако не се појави на гробот на Гоце Делчев на 118-годишнината од загинувањето на апостолот на македонската револуционерна борба, премиерот Зоран Заев им оддаде почит на паднатите македонски борци против фашизмот во Втората светска војна.
На партизанските гробишта во Бутел тој ја предводеше владината делегација, во која беа и министрите за надворешни работи Бујар Османи, за одбрана Радмила Шекеринска и за образование и наука Мила Царовска.
На Денот на победата над фашизмот претседателот на Владата, заедно со амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, се поклони и пред споменикот во чест на петмина американски пилоти, во тетовското село Вратница, спасени од локалното население во 1944 година.






