Неверојатен гаф и се случи денеска на министерката за образование и наука Мила Царовска која на Фејсбук не честиташе победа над фашизмот туку победа НА фашизмот.

Царовска својата грешка ја забележала долго откако на јавноста и честиташе 9 мај победа на фашизмот.
Според апликацијата со која може да се видат промените на статусот на Фејсбук, Царовска на својот профил цели педесетина минути честитала нешто што е непојмливо во целата западна цивилизација.
Веднаш потоа нејзината порака “Честит Ден на Европа и Ден на победата на фашизмот” се претвори во “Честит Ден на Европа и Ден на победата над фашизмот”.







