„Во врска со билатералните прашања секогаш ги охрабруваме земјите да работат заедно за да се постигне заедничко прифатливо решение со цел да се продолжи напред “ изјави денска евроамбасадорот Дејвид Гир, кој испрати порака дека треба да се оди понатаму, но и потсети дека проширувањето е процес на заслуги.
Тој потсети дека позицијата на ЕК е апсолутно јасна: од самиот почеток Комисијата сака да види одржување на првите меѓувладини конференции и со с. Македонија и со Албанија, што е можно побргу,
„Прашавте околу раздвојувањето на Северна Македонија и Албанија, мислам ова прашање беше покренато и повторно при посетата на еврокомесарот Вархеји и тој повторно кажа дека ЕК работи за да се постигне согласност за меѓувладини конференции за двете земји – и за Северна Македонија и за Албанија, меѓутоа, сè уште не сме стигнати до таму.
Се разбира, одвојувањето е и прашање со кое треба да се занимава и Европскиот совет, тука се 27 земји членки кои треба да дебатираат за тоа прашање“, вели евроамбасадорот Гир како што преенсе 360 степени.







