СДСМ го откри кривецот за хаосот во образованието

Преку соопштение за јавност владеачката партија открива кој го донесол образованието во тешка состојба.



ВМРО-ДПМНЕ 11 години го урнисуваше образовниот систем преку наводни ,,реформи” како Кембриџ програмата и екстерното тестирање кои служеа само за некој да профитира и да се вршат притисок врз наставниот кадар, вели СДСМ во своето соопштение според кое со таквиот пристап македонското образование со години беше на дното во Европа а учениците со убедливо најлошите резултати на меѓународните тестирања.

“Денес ВМРО-ДПМНЕ останува противник на реформите со кои се унапредува образовниот систем и станува еднаков со европските.

Новото законско решение во кое е дефинирана етапната дигитализација на материјалите за учење, ќе обезбеди достапност на учебниците за сите ученици, поголема интерактивност, намалување на учењето во домашни услови, како и инклузивност, затоа што истите ќе бидат достапни во аудио формат, но и на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Со поставувањето на повеќе филтри низ постапката за изработка и усвојување на учебниците, се елиминира веројатноста за појава на грешки од било каква природа, додека можноста за ажурирање на учебниците секоја година, значи дека повеќе ќе нема да се применуваат учебници со застарена содржина”, се вели во соопштението на СДСМ каде се загрижени дека ќе бидат загрозени скапите тендери на издавачки куќи блиски до ВМРО-ДПМНЕ поради што оваа партија според власта, шири лажни вести и манипулации со што создава конфузија во јавноста.

На ВМРО-ДПМНЕ битни му се бизнис и политичките интереси, но не и интересите на учениците и наставниот кадар, се вели на крајот на соопштението.

Линк