Во тек е 74. издание на Венецискиот филмски фестивал кои ги обединува најголемите ѕвезди од филмската индустрија. На овој фестивал премиерно беше прикажан филмот „Субурмик“ , во режисерска улога на актерот Џорџ Клуни.

На премиерата на филмот “Субурмик”, Џорџ Клуни беше придружуван од неговата сопруга Амал, која едноставно блескаше во пурпурната тоалета на модната куќа Версаче. Елегантниот сјај беше нагласен со обемната ретро фризура во инспирирана од други времиња на Холивуд. Со оглед на тоа што Амал ретко се појавува во јавноста, откако ги роди близнаците пред два месеци, нејзиното доаѓање на премиерата предизвика голем интерес во медиумите, па успеа да ги засени и главните ѕвезди на филмот, Џулиен Мур и Мет Дејмон.




