Одговарајќи на новинарско прашање во врска со вчерашната средба со претседателот Стево Пендаровски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека со шефот на државата имале усогласени ставови, но дека потоа Пендаровски изнел различен став од она што било дискутирано.
Според Мицкоски претседателот е дволичен, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Пендаровски дека едвај 4-5 минути зборувале за нападот на Собранието на 27 април.
„Ние генерално внатре се сложивме за сè, но очигледен е притисокот кој се врши врз него од новинарски пера кои се под директна команда на СДСМ и на Зоран Заев и тоа очигледно оставило трага кај претседателот Пендаровски. Јас го разбирам, нормално не можам да го оправдам, бидејќи тоа во суштина се нарекува дволичност. Едно лице да имате на средбата, а друго надвор пред камерите“рече Мицкоски.
Според Мицкоски рече дека треба посочи да се почека конечно пресудата од второстепениот суд Апелација, да ја добијат осудените лица и нивните бранители и потоа да можат да го користат вонреден правен лек, односно да приложат нови докази.







