Ги прави ли сега граѓаните магариња агенцијата што лани тренираше магариња?

One of two Edworthy "Monkey" miniature bicycles used for a monkey circus at Taronga Zoo 1936-1940. Currently being acquired, p.1329. Photographed with non-object toy monkeys for a PHM Discovery Centre promotion.

Националната агенција за европски образовни програми ќе потроши 1.4 милиони денари ( 22 илјади еур) за набавка на тротинети и точаци чија цена на пазарот ако се набавува од компании во регуларна трговија е за триесетина насто пониска.



Според договорот од Јавни набавки за велосипед Benelli Nerone Fat платени се речиси 120 илјади за парче а реално чини 87 илјади.

За тротинет од моделот MI Pro се платени речиси 47 илјади денари а на пазарот чини 33 илјади.

По ланскиот скандал со финансирање берберница и тренинг на магариња годинава Националната агенција за европски образовни програми и мобилност повторно на скандалозен начин купува електрични велосипеди и тротинети за своите вработени.

Според договорот на Бирото за јавни набавки, набавени се десет тротинети и пет велосипеди на струја.

Во договорот еден тротинет чини 40 илјади денари плус ДДВ од 7.200 днеари.
Велосипедите пак се 100 илјади денари по парче, без пресметан данок на додадена вредност. Со ДДВ, цената достигнува 118 илјади денари или околу 2 илјади евра по парче.

„Набавката е дел од проектот „Зелена Агенда“. Ова значи замена на постечките возила со еколошки возила за вработените. Тоа значи дека службените обврски за каде досега беше потребен автомобил, од сега ќе се завршуваат со овие еколошки превозни средства“, изјавиле за Алсат од Националната агенција за европски образовни програми во врска со набавката.

Велосипедот од брендот „Benelli Nerone Fat“ со 27 инчен рам, Агенцијата го купила за 2 илјади евра по парче. Но со едноставно пребарување на интернет, оваа марка на велосипед чини 87.550 денари со вклучен ДДВ или поефтино за речиси петстотини евра од сумата која ја плаќа Националната агенција.

“Се јавивме во фимрата „Филаделфија ДООЕЛ“ од Кочани, компанија која победи на тендерот за набавка на тротинети и велосипеди. Прашавме колку чини велоспидеот „Benelli Nerone“. Не известија дека во палетата производи немаат електричен велосипед, туку класични велосипеди. На нивната официјална страна не може да се пронајде ниту категорија, каде имаат изложено дека продаваат и електрични тротинети. Поврторно пребаравме на интернет колку пари е тротинет од брендот „Mi Про 2“. Чини 33.490 денари во малопродажба со пресметан ДДВ додека Националната агенција за образовни програми го набавила за 47.200 денари со вклучен данок на додадена вредност”, пишува медиумот.

Националната агенција за европски образовни програми беше во фокус на јавноста лани, кога финансиската полиција и поднесе кривична пријава на тогашната директорка Лидија Димова за проневера на 400 илјади евра европски пари. По скандалот, Димова беше разрешена, а обвинителството ја сомничи за злоупотреба на службената положба.