Рафаел Надал и Роже Федерер остануваат и за втората недела на отвореното првенство на САД во тенис. Шпанецот обезбеди осминафинале со победа од 3-1 против Мајер, а Швајцарецот со убедливи 3-0 славеше со Лопез. Ако се оди според планот тие двајца би се сретнале во полуфиналето на Флешинг Медоу.
Освен ветераните и фаворитите во новиот четврти круг во Њујорк одат и Дел Потро, Гофан, Долгополов на машкиот дел од турнирот и Сафарова, Канепи, Плишкова кај девојките.





