Министерката Мила Царовска денеска одби да прими како подарок учебник од 2005 година кој што се обиде да и го подари наставник од основното училиште Никола Карев во Кочани.
Наставникот ја пресретна министерката за време на нејзината посета на Кочани и се обиде да и подари учебник од 2005 година но таа одби да го прими лично посочувајќи му на наставникот учебникот да го предаде на нејзните советници.
Наставникот ја праша дали Царовска е свесна дека со нејзината реформа прави дискриминација затоа што во неговиот клас има 4 ученици кои немаат услови да ја следат наставата.
На тоа министерката одговара дека некои деца сега имаат и лап топ, и компјутер, и телефон и учебници и дека тоа е поголема дискриминација.
Откако министерката и наставникот не можеа да се разберат во разговорот Царовска одби да го прими подарокот учебник и си продолжи по патот.
Царовска и учебникот од 2005 pic.twitter.com/Rr2hcYNfLa
— EXPRES.MK (@ExpresMK) May 7, 2021
Видеото на Фејсбук






