За Германија е незамисливо само за Албанија да даде зелено светло за преговори со ЕУ, а за Северна Македонија не, вели германската амбасадорка Анке Холштајн за „Слободен печат“.



„За решавачки насоки во процесот на проширување на ЕУ потребна е согласност од сите земји-членки. Исто како што преговарачката рамка може да биде само едногласно прифатена, датум за првата меѓувладина конференција ќе има само кога сите земји-членки ќе дадат согласност.

За Германија не е замисливо само за Албанија да даде зелено светло, а Северна Македонија да ја остави. Северна Македонија веќе одамна ги исполни сите услови за започнување на пристапните преговори, нејзниот почеток е заслужен и одамна задоцнет. Ова е исто така во интерес на веродостојноста на процесот на проширување и на веродостојноста на ЕУ во регионот“, вели германската амбасадорка Холштајн за „Слободен печат“.