Уште двајца вработени во МВР, обвинети за нелегално издавање на пасоши на странски државјани признаа вина и добија затворски казни за предметот „Двојник“, објави Мкд.МК.
Две години и пет месеци затвор и се досудени на Оливера Софрониевска. Според обвинението, таа одобрила издавање на 198 пасоши.
За истото дело, злоупотреба на службената положба, на обвинетиот Шемседин Јашари му е изречена казна затвор од 1 година и седум месеци. Тој се води како креатор на девет налози за издавање на пасоши.
На овие двајца обвинети, како и на петмината кои на минатото рочиште пред два дена признаа вина им е изречена и забрана за вршење на дејност во траење од 10 години. Сите имаат право на жалба пред Апелација.
За обвинителката Спасенка Андонова брзиот тек на постапката е очеуван бидејќи како што вели поседува цврсти докази, но сепак обвинителството нема податоци со колкава материјална корист се здобиле обвинетите.







