Комисијата за заразни болести на 15 мај ќе решава дали да се дозволи организирање свадби од 1 јуни, дознава „Фактор“.



Се очекува Комисијата да одлучи позитивно на барањето на угостителите да се организираат свадби по повеќе од една година поради пандемијата.

„Ова е за прв пат, на средбата со вицепремиерот Фатмир Битиќи, да ни биде кажано дека ќе се разгледува прашањето да се отворат рестораните за организирање свадби. Досега такво нешто воопшто не ни беше ни најавувано, ова е прв пат тоа да се случи. Но, сепак, конечниот збор ќе го има Комисијата за заразни болести, зависно од епидемиолошката состојба“, вели Мартин Ангеловски, потпретседател на Туристичко угостителската комора при ССК.

Тој очекува, доколку Комисијата за заразни болести даде позитивно мислење на 15 мај, да се дозволи вакво работење на објектите веќе од почетокот на јуни. Дотогаш би се одредувале протоколи кои би важеле за нивното функционирање, кои исто така треба да добијат согласност од Комисијата.

Се уште не е одлучено кои протоколи би важеле. Ангеловски вели дека тие дополнително ќе се договараат …)

Она што е извесно, е дека организаторите на свадби ќе бараат гостите да бидат по повеќе на маса, а не по четворица, како што важи за другите угостителски објекти.

„Ќе бараме да се дозволи на маса да седат повеќе луѓе, нема логика да бидат четворица, иако тоа е во ред за обичните ресторани. Но, нашите свадбарски маси се големи, од 1,8 до 2 метра, и сосема логично и безбедно е на нив да седат најмалку по шест лица“, вели Ангеловски.