Американскиот актер и режисер Клинт Иствуд во Франција режира филмот кој обработува тема за напад на исламисти врз брз воз. За да го сними филмот „Во 15.17 во Париз“ славниот каубој на пет дена изнајмил воз, а остатокот од снимањето е направено во Арас, град во кој, според сценариото возот пристигнува по нападот на исламистите.

Славното име во светската кинематографија Клинт Иствуд го стекна со улогите на револвераш во вестерн филмовите на Серџо Леоне и со толкувањето на полицаец во серијалот за „Валканиот Хари“. Тој е успешен и во режијата, и веќе има добиено Оскари за „Непростено“ и „Милиони долари“, а тука се и номинациите за „Мистична река“, „Американски снајперист“ и „Писмата од Иво Џима“.
Клинт учествувал во повеќе од 50 филмови, од една или од другата страна на камерата.




