Неписмена багра: Најчевска за иницијативата “Настава и учебници мора да има”

Професорката и член на раководството на партијата Твоја Мирјана Најчевска со наведи за иницијативата која се бори против укинување на печатените учебници од страна на министерката за образование Мила Царовска.



“Еве за мене е ова неписмена багра. А вие како сакате и што сакате мислете”, пишува Најчевска споделувајќи вест во која се презентираат позициите на иницијативата „Настава и учебници мора да има“.

Во текстот воспитувачката Драгана Спасевска, која го претставува гласот на родителите, вели дека со претставници на МОН се разговарале неколку точки од нивните барања, на кои тое не биле подготвени да одговорат.

“На оваа конструктивна среба разговаравме за нашите барања да се изучува наставата од хартиени учебници, да се исфрли родово сензитивната содржина од учебниците и родителите да бидат вклучено во образовните политики”, изјави Спасевска, потенцирајќи дека доколку до почетокот на следната недела не се одговори на овие барања родителите ќе излезат на протест.

“Претставниците на МОН на оваа средба не беа подготвени да ни одговорат на барањата и ако тоа не се случи до следната недела, тогаш ќе излеземе на протест”, порача Спасевска, истакнувајќи и дека додека се чека одоворот од МОН на овие барања бојкотот ќе биде ставен во мирување.

Спасевска за медиумите изјави дека ова е граѓанска иницијатива без политичка позадина, нагласувајќи дека таа е гласот на родителите, а не на некоја политичка партија.

Со својата квалификација Најчевска навреди над 75 илјади луѓе кои се дел од истоимената група на Фејсбук.

https://www.facebook.com/groups/479418786591247/?ref=share