Топење на мразот: Денеска средба Пендаровски-Мицкоски

Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во 15 часот ќе имаат средба во Вила Водно, на која, според најавите од партијата, ќе се разговара за осудените во случајот „27 април“ и за актуелната политичко-економска состојба.



Средбата била закажана по телефонскиот разговор што го имале Пендаровски и Мицкоски, на барање на лидерот на опозицијата.

Мицкоски на брифинг со новинарите, рече дека на ваков начин се одмрзнуваат односите меѓу партијата и претседателот Пендаровски, затоа што, како што посочи, на земјава и е итно потребен дијалог меѓу политичките чинители.

Одмрзнувањето на односите со Пендаровски, Мицкоски го оцени како поддадена рака во, како што нагласи, можеби најтешките историски времиња на нашата државност. Во една таква ситуација, потенцира, некој морало да преземе чекор во интерес на граѓаните.

Опсервер