Македонија е во длабока политичка криза и тоа трае повеќе од една деценија со мали паузи. Дали таа политичка криза ќе биде засилена со одлуката на Брисел да почне преговори со Албанија, но не и за Македонија, по тоа ќе мора да селедува одговорност.
„Веднаш после таквата одлука, владата на Заев треба да си замине“, оценува пораншниот новинар и претеник Сафет Бишевац во гостување на ТВ 24 кој во еден момент вели дека единствената константа во владеењето на премиерот Зоран Заев е – „лагата“.
Бишевац смета дека власта многу потфрли при бегството на екс-премиерот Никола Груевски, кој во 2018 година како азилант пребега во Унгарија.





