Заев прими кинеска вакцина

Премиерот Зоран Заев денеска се вакцинираше со кинеската вакцина „Синофарм”.



Тој во изјава за медиумитре рече дека ја примил вакцината која што била на располагање кога му дошол редот согласно националниот план за имунизација.

„Ја примив вакцината на Синофарм. Ќе ја продолжам мојата дневна агенда попладне. Ги повикувам сите да се пријават на сајтот „вакцинација.мк“. Вакцините се безбедни. Колку побрзо заврши процесот на имунизација, толку побрзо ќе заврши оваа борба со овој невидлив непријател. Нема никаков проблем при имунизација на населението“, рече Заев.

Фото : Слободен Печат