Москва ги запира летовите кон Бугарија за руски туристи, предупреди бугарската Регионална туристичка комора.
Ова доаѓа по повикот на рускиот политичар Владимир Жириновски, еден од најжестоките поддржувачи на претседателот Владимир Путин, кој побара од државата официјално да забрани купување имоти во Бугарија, како и да патување на руски туристи во Бугарија, јануваат бугарски медиуми.
Откако британските и германските тур-оператори ги откажаа летовите кон Бугарија за месеците мај и јуни, сега тоа се случува и со летовите од Русија.
!Нивните летови за Бургас за мај се откажани и не е закажан следен датум. Имаме и информации од руски граѓани дека бугарската амбасада во моментот не издава визи за Бугарија. Визите се издаваат само за мешани бракови”, рече Христина Славова од регионалната туристичка комора на Бургас.
Минатото лето, бројот на на руските туристи беше 60-70%, на некои места и до 80% споредено со претходните гопдини и тоа главно се должеше на пандемијата.
Од туристичкиоит сетор велат дека сега ситуацијата е уште покомплицирана поради напнатите дипломатски односи меѓу Бугарија и Русија.






