Македонските возачки дозволи ќе важат и во Обединетото кралство

Обединетото Кралство ги призна македонските возачки дозволи, објави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.



Признавањето е врз основа на потпишан билатерален договор.

Државјаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Англија, Велс и Шкотска од 20 мај ќе можат да поднесат барање за замена на дозволите.