Претседателот на Бугарија Румен Радев на 11 мај најверојатно ќе го потпише декретот за распуштање на парламентот, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 11 јули.
„Следната недела ќе го распуштам Националното собрание и ќе ја назначам привремената влада со декрет, изборите се очекува да се одржат на 11 јули“.
Ова го објави претседателот откако и БСП односно бугарските социјалисти го вратија третиот мандат за формирање влада.
Во петок се очекува да биде последната седница на овој парламент, чиј живот ќе биде само 27 дена.
Досега во демократската историја на Бугарија не се случило Националното собрание да не може да предложи влада, а пратениците ќе заминат без да добијат целосна пратеничка плата.






