Пендаровски: Добро е што ВМРО-ДПМНЕ ја одмрзна комуникацијата

„Добро е што по девет месеци некомуницирање, се воспостави комуникација со институцијата претседател на Република с. Македонија, што може да биде во насока на попродуктивен политички дијалог, кој толку многу недостасува во нашата земја“.



Ова за Дојче веле го изјави претседателот на државата Стево Пендаровски, откако на вчерашниот брифинг ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека партијата ја одмрзнува комуникацијата со шефот на државата.

На барање на Христијан Мицкоски, утре ќе се одржи средба помеѓу него и претседателот Стево Пендаровски.

Средбата е закажана во вилата „Водно“, каде Мицкоски последен пат беше на 13-ти август 2020 година заедно со дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога најави замрзнување на односите и комуникацијата со претседателот Пендаровски.