Индија пријави речиси 4.000 смртни случаи како последица на коронавирус и повеќе од 412.000 нови случаи во последните 24 часа, пренесе АФП.



Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 230.168 лица, а регистрираните заразени надминале 21 милион.