Големиот холивудски актер Ричард Гир има полни 67 години. Тој некогаш беше познат како неодолив заведувач, а беше и еден од најпосакуваните во Холивуд. Но годините го земаат својот данок. Ричард денеска е тешко препознатлив, но ѕвездата од повеќе филмски хитови, во кои по дефиниција играше љубовник, изгледа како да не е загрижен за тоа. Тој уште ужива во животот и во друштво на 33 години помладата Алехандра Силва, со која започна врска додека се уште беше во брак со Кери Лоуел.



Двојката неодамна беше видена и снимена за време на одморот на Амалфи Коста во Италија. Судејќи според изразот на нивните лица, одморот им помина во убава атмосфера и радост. Врската со далеку помлада девојката не го „подмлади“ Ричард, но нему беспрекорениот изглед очигледно повеќе не му е приоритет.