(ДОКУМЕНТ) Филипче префрлил фантастични 65 долари за вакцина на фантом фирма

Документот кој го објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски покажува дека министерот Филипче уплатил двојно повисока цена на кинески вакцини на фирма посредник.



Парите биле уплатени пари на сметката на „Старби“, кинеската фирма која требало да биде посредник во набавка на кинески вакцини, откри на денешниот брифинг претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според документите кои ги поседува, уплатени биле 7.8 милиони долари, поточно 65 долари по вакцина. Како уплаќач на парите е заведено Министерството за здравство.

Трансакцијата е направена, а дали парите се вратени назад не знаеме, вели Мицкоски.

Скандалот со набавката на кинеските вакцини преку сомнителна фантом фирма, поради што и беше запрен процесот од страна на Кина, пукна уште во март, но засега сè уште нема постапки ни од Антикорупциска ни од ОЈО.

Цената на вакцините од овој тип на светскиот пазар е двојно пониска.

Нов скандал ја тресе власта: Филипче префрлил милиони на фантомска фирма во Хонг Конг