По информациите/шпекулациите дека поранешниот претседател и премиер Бранко Црвенковски ќе формира своја политичка партија непосредно пред внатрешните избори во владеечката партија реагираше лидерот на СДСМ Зоран Заев според кој тоа се „приказни“.
„Претседателот Црвенковски не може да биде ншто друго освен основач на СДСМ и затоа не верувам во вакви приказни дека тој ќе формирал нова партија. Тоа ни е јасно на сите и не е точно, но дефинитивно треба да го прашате него. Тој е еден од основачите на СДСМ беше премиер, претседател наш општественик. Шпекулациите се присутни поради новата листа во Охрид од наши докажани социјалдемократи. СДСМ покажа сериозно единство и за време на опозиција и за време на власта, одговори Заев на новинарско прашање.






