Жителите на Ѓорче Петров најавија мирен протест за денеска од 12 до 16 часот, на улицата Радушка, за нејзина одбрана од масовното градење.
Од граѓанското неформално здружение „Иницијатива против урбаното дивеење“ сметаат дека оваа улица може да се нарече и „Дивоградба“, и најавуваат дека протестите ќе траат додека не наидат на слух од надлежните и да се спречи ваквото градење на територија на општината.






