Денот на независноста 8 септември во Македонија се слави од 1991. На тој ден македонскиот народ , излезе на Референдум и на најдемократски начин ја изгласа својата независност со мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на референдумското прашање: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“?
Голем удел во овој чин имаше македонската емиграција во Германија, Шведска, Норвешка, Америка, Канада, Австралија. Македонците однадвор силно ја поддржаа вековната идеја на македонскиот народ за сопствена и независна држава. Морам да напоменам дека со нивна огромна помош како морална така и финансиска и нивниот ентузијазам, беше формирана и ВМРО ДПМНЕ, партија која е најзаслужна за самостојна и суверена Македонија.



По референдумот, водечките светски медиуми излегоа со оценка дека мнозинството гласачи се изјасниле за независност на Македонија и оти тоа ќе значи чекор поблиску до распадот на Југославија.

Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврде на со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранито на Република Македонија.
Следен важен чекор во зацврстувањето на државата беше усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година. Мнозинскиот дел од албанската етничка заедница го бојкотираше референдумот, а пратениците Албанци во Собранието не го поддржаа новиот Устав.