САД: Полицајки со хиџаб

На муслиманки кои работат во полицијата во градот Newарк, САД повеќе нема да им биде забрането да носат хиџаб како дел од полициска униформа.



Шефот за јавна безбедност , Брајан О’Хара им изјави на новинарите дека „оваа одлука ќе ни помогне визуелно да ѝ покажеме на јавноста дека ги почитуваме верските чувства и религијата на сите луѓе“.

Градоначалникот Рас Барака потсети дека полицискиот оддел Newарк бил првиот во државата што им дозволил на муслиманите и на Сиките да носат бради во согласност со нивните верувања.

Одлуката да им се дозволи носење хиџаб на полицајки е донесена на барање на муслиманка која работи во полициските сили во Newарк. Ал Џезира